Надворешната кенцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против Б.П. (50) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“, против Т.Е.(46) од Кочани и И.С.(40) од село Истибања, Виничко поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “помагање” во врска со „фалсификување исправа“, против „Слива Трансшпед“ ДООЕЛ село Истибања поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ и Р.Т.(37) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.
Во текот на 2016 година првопријавениот, изготвил лажни договори за купопродажба на товарно возило „Мерцедес“, помеѓу второпријавениот и две чешки компании, според кои во првиот договор второпријавениот бил наведен како купувач, додека во вториот договор, истиот бил наведен како продавач. Потоа, Б.П. во име на Т.Е., ваквите договори, заедно со останатите документи, ги приложил во Бирото за метрологија при Министерството за Економија-Скопје, со цел да ја искористи погодноста по член 24 од Законот за возила. Р.Т. како раководител во станица за технички преглед „Центар за возила ЦВС“ ДООЕЛ во Струмица, и покрај тоа што имал увид во лажните договори, со пропуштање на должен надзор, издал согласност за регистрација за возилото, кое потоа било регистрирано на име на пријавеното правно лице, кое, пак, е во сопственост на И.С. кој исто така знаел за лажните купопродажни договори.