Синоќа половина час по полноќ, во гостиварската општа болница „Ферид Мурат“ била донесена 40-годишната К.Т. од Струмица, која времено престојувала во Гостивар и која побарала лекарска помош. Набрзо, нејзината здравствена состојба и се влошила и за кусо време, жената починала, соопшти полицијата.
Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Гостивар извршиле комплетен увид, а врз безживотното тело на К.Т. ќе се врши обдукција.