Учениците од СОУ Јане Сандански на 28ми април (сабота) премиерно ја изведоа претставата „Трошки надеж“ во режија на професорката по драмска уметност Ѓургица Костадиновска.
По четиримесечни подготовки во смеа и радост, единаесет ученици од Драмската секција на училиштето пред струмичката јавност премиерно ја одиграа претставата „Трошки надеж“. Публиката внимателно ја следеше приказната за Валерија, ученичката која се соочува со домашни и училишни проблеми откако доаѓа во нова срединa. Сценариото беше пишувано од ученичката Викторија Панова, со помош од нејзините соученички Надица Трајкова и Моника Котева.
Овој настан имаше хуманитарен карактер и средствата кои беа собрани ги донираа на 14 годишниот Игор Геленчев од Богданци.
На Игор му посакуваме успешна операција, што побрзо да оздрави и да му се радува на животот.