strumica denes logo

Ученици на СОУ „ЈАНЕ САНДАНСКИ“ со сребрен и бронзен медал од државниот натпревар на млади истражувачи

Автор:

Датум:

април 30, 2018

Категории:

Култура

Автор:

Датум:

април 30, 2018

Категории:

Култура

Двајца ученици од СОУ „ЈАНЕ САНДАНСКИ“ се здобија со сребрен и бронзен медал во својата категорија на 54-от државен натпревар на млади истражувачи кој се одржа во саботата во Струмица, организиран од Народна Техника на Македонија и Сојузот на здруженија на младите истражувачи на Македонија – „Наука на младите“.

На 21 април во Струмица беше одржан 54-от по ред натпревар на млади истражувачи каде учениците се натпреваруваа во низа категории. Натпреварот беше следен од комисија од универзитетски професори од цела Македонија, а нашето училиште оваа година учествуваше со четворица ученици.

Сите четворица ученици Мартин Мастев, Стефан Шунтов, Клементина Бусева и Тијана Стојкова се натпреваруваа под менторство на професорката Снежана Илиевска-Поповска, а двајца ученици го освоија второто и третото место во својата област и успешно се здобија со сребрен и бронзен медал.

Ученикот Мартин Мастев преку својот проект „Осцилаторни реакции“ се пласираше на второто место во областа на применета неорганска хемија и беше награден со сребрен медал, додека ученикот Стефан Шунтов, во истата категорија го претстави проектот „Каталитичка оксидација на амонијак“ и се пласираше на третото место, освојувајќи го бронзениот медал.