Јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ работи на подобрување на уличното осветлување во населеното место Куклиш. Овој зафат се реализира на патот кој што поминува низ селото и тоа со поставување на нови арматури на веќе постоечки столбови, а на кои што немаше арматури за осветлување. Осветлувањето на овој потег ќе биде подобрено со 18 сијалични места.
Подобрувањето на уличното осветлување во Куклиш е една од мерките за зголемување на безбедноста на жителите на ова населено место, а што им ја вети градоначалникот Коста Јаневски на работниот состанок на Советодавната група на граѓани на тема „Поголема безбедност во заедницата“ која што се одржа пред две недели. Зачестените сообраќајни незгоди од кои две со жртви на овој пат, кој спаѓа во групата на регионални патишта, беше поводот за состанокот, а на кој градоначалникот Јаневски потенцираше дека ќе бидат преземени сите мерки кои што се во надлежност на општината за подобрување на безбедноста на граѓаните.
Се подобрува уличното осветлување во Куклиш
Од Пергија Памфилиска. Брзо ѝ се смачи бракот со некој цариградски големец Дометијан, па побегна, се преоблече во машка облека…
Времето денес ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, наместа во западните делови пообилни (над 40 l/m2). Ќе дува…
ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против В.М.(39) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На…
Утре е голем и тежок христијански празник Св. Архангел Михаил кој секоја година се слави на 21 ноември, а по…
На 28 Ноември во 19:00 часот во НУЦК „Антон Панов“ – Струмица, ќе настапи група составена од студенти-волонтери од различни…
На почетокот на видео обраќањето Орбан ги откри причините за свикување на вонредната седница на унгарскиот совет за одбрана. „Среда…