Во текот на 12-та недела од 2018 година (од 19.03.2018 – 25.03.2018), во Република Македонија пријавени се 693 (I=33,5/100.000) новозаболени од грип/заболувања слични на грип, што е намалување за 47% во споредба со минатата недела.
Во однос на 12-та недела од минатата сезона која се карактеризираше со ран почеток и пик на активноста, оваа сезона бројот на заболени е зголемен за 10 пати.
Регистрираната инциденца oваа недела е под неделната граница на ниска (сезонска) активност на вирусот на грип.
Исто како и во претходните недели, во 12-та недела најголем број заболени – 466 се пријавени во најголемата возрасна група од 15-64 години, а највисока инциденца од 45,6/100.000 жители се регистрира кај најмалите – децата на возраст од 0-4 години.
Оваа недела најголем број заболени лица (n=131) се пријавени од подрачјето на ЦЈЗ Струмица, а највисока инциденца (292,5/100.000 жители) е регистрирана на подрачјето на ПЕ Свети Николе…