strumica denes logo

Александра Јанева стана милионер со Еве ме пак!

Автор:

Датум:

март 23, 2018

Категории:

Магазин

Автор:

Датум:

март 23, 2018

Категории:

Магазин
Денес, поп-пејачката Александра Јанева стана втор струмичанец со 1.000.000 прегледи на музичката платформа YouTube. Претходно, тоа му успеа само на трубачот Џамбо Агушев.
 
„Еве ме пак“ е издадена во февруари 2016 година и е комплетно авторско дело на Ѓорги Крстевски. Овој сингл, како и макфестовските победнички „Врати ми го сонцето“ и „За сто години“, во текот на изминатите две години беа препејувани од многу млади таленти на локални, национални и интернационални музички натпревари и шоуа.
 
„Ми се допадна од прво слушање, но бев далеку од сигурна дека ќе биде хит и дека ќе биде првата моја, која ќе го лапне МИЛИОНОТ. На многу артисти милионите им се секојдневие, но првиот, верувам го памети секој“, објави Александра на нејзиниот фан-пејџ.
 
Поп-пејачката најави нова песна која треба да излезе наредниот месец.
 
Александра, утре од 19:00 часот во НУЦК „Антон Панов“ заедно со својот бенд ќе ја отвори свечената седница по повод 10-годишнината од постоењето на Младински совет.