Провереното дуо на трубачот Џамбо Агушев и хармоникашот Мишел Трајковски подготвува нов проект кој ќе биде наменет за светскиот пазар.
По снимањето на првото ЦД на Мишел Трајковски насловено “Ора и соништа”, каде што во две композиции се појавува и Џамбо Агушев нивната соработка продолжува, заедно со проверената екипа, на вистинските професионалци на својот инструмент и тоа: гитара Дејвид Дејв, бас гитара Иван Кукиќ и перкусиоинистот Ратко Даутовски.
Во изминатите неколку месеци оваа екипа има снимено три композиции и три видео записи за проектот на кој моментално работат, а е наменет за светскиот пазар.
Еден од видео записите беше снимен изминатиот викенд во ресторанот “Македонска софра“, во Скопје.
Видео записите се режирани од студентот по режија, Гоце Трајковски-Тарантино а за камерата е задолжен Амед Анел.