strumica denes logo

Тренов: СДСМ ветуваа 160 милиони евра за субвенции на земјоделците, а во буџетот предвидоа 24 милиони евра помалку

Автор:

Датум:

март 16, 2018

Категории:

Политика

Автор:

Датум:

март 16, 2018

Категории:

Политика

 

СДСМ или свесно ги лажеше земјоделците или се целосно неспособни да го реализираат ветеното. Резултатот секако е ист. Земјоделците се изиграни и изневерени, обвинува Ромео Тренoв.

Во продолжение следува интегрален текст од неговата прес-конференција

Секој поминат ден на оваа неспособна влада е потврда за лагите во предизборна програма.

Тие безочно ги лажеа земјоделците дека во буџетот на име субвенции предвидуваат 160 милиони евра, а во буџетот за 2018 година предвидоа 24 милиони евра помалку, односно 136 милиони евра.

Ова е фактот, земјоделците се излажани и изманипулирани. Зоран Заев во кампањата кажа: цитирам, 160 милиони евра годишно ќе даваме субвенции, субвенциите ќе бидат наменети да стигнат кај вистинските земјоделци. Еве помина буџетот за 2018 година, а од 160-те милиони евра  ветени од Заев испаднаа само 136 милиони.

Во услови кога трошоците за производство во земјоделието секојдневно растат, во услови кога државата се задолжи за 1,4 милијарди евра, Заев не го исполни ветувањето дадено кон земјоделците, категорија на граѓани кои вредно работат и со својот труд ги прехрануваат своите семејства.

Ова е уште еден доказ дека кога е во прашање Заев и СДСМ хартијата трпи се. Тие за да се доберат до власт ветуваа брда и долини на земјоделците, а кога седнаа во фотељите веднаш заборавија на своите ветувања.

Хартијата може трпи, но граѓаните и земјоделците не трпат лаги, лицемерие, неспособност и неработење. Ако на ова се додаде и постизборната изјава на Заев дека ќе ги укине субвенциите за оние земјоделци кои нема да исполнат норма, ко божем се на фабричка лента, а не на поле изложени на временски непогоди, тогаш веќе станува јасно дека оваа влада на СДСМ не е владата на која земјоделците може да се потпрат и на која може да и веруваат.

Едно е сигурно Казната за сите свои лаги кои им ги кажуваа на земјоделците ќе ги стаса.