strumica denes logo

КОСТА СОЛЕВ РАЦИН ЗА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ: Фашистите кој ја издадова Гоцевата борба, који ја окупираја и оплачкаја Македонија, не мислат да ги предадат коските на Гоце на почивање во Македонија!

Автор:

Датум:

мај 4, 2020

Категории:

Празници

Автор:

Датум:

мај 4, 2020

Категории:

Празници


Пишува Коста Солев Рацин.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: pukanki baner - strumicki pukanki cesmicka ПРОДОЛЖЕНИЕ:

,,Идеалот на великиот македонски борец и револуционер Гоце Делчев, денеска е идеал на најшироките македонски слоеви кои пишкајат под јаремот на фашистката окупација!

Ете зошто на денот от 39 годишнината од смртта на великиот македонски револуционер и апостол на македонската револуционерна борба Гоце Делчев, комунистичката партија смело го издига неговото славно Илинденско знаме и ги кани под него како македонскиот така и другите народи во Македонија за извојување на слободна Македонија.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Таму во Софија во домот на фашиското дружество Илинден, стоји немо во една полумрачна стаја бистата на великанот Гоце Делчев под која е ковчегот со неговите земни стаци.

На ковчегот е закована метална плоча на која е издолбен завет до младите поколенија, да еден ден ги предадат коските на вечно бунтовниот револуционер на почивање кога ќе биде постигната слободна и независна Македонија.

Разбире се, фашистите кој ја издадова Гоцевата борба, који ја окупираја и оплачкаја Македонија и НЕ МИСЛАТ ДА ГО ИСПОЛНАТ ТОЈ ЗАВЕТ.

Гоцевите коски чекајат мир од исполнување на идеалот.

Напред на испл’нуење на тој завет и Слава на великиот македонски револуционер Гоце Делчев!“