strumica denes logo

СЕМЕЈСТВОТО НА ЗАБОЛЕНАТА ЛИЧНОСТ ОД КОРОНА ВИРУСОТ ДО СТРУМИЦА ДЕНЕС: НАШАТА РОДНИНА Е ВО ДОБРА ЗДРАВСТВЕНА СОСТОЈБА, ТАА БЕШЕ ВО ИЗОЛАЦИЈА И ГИ ПОЧИТУВАШЕ ВО ЦЕЛОСТ МЕРКИТЕ И ПРЕПОРАКИТЕ!

Автор:

Датум:

март 29, 2020

Категории:

Здравје

Автор:

Датум:

март 29, 2020

Категории:

Здравје

Откако денеска беше соопштен првиот случај на корона вирусот во Струмица, на социјалните мрежи се појавија невистини дека личноста не ги почитувала мерките и препораките од надлежните, односно дека излегувала од дома додека била во карантин. Во изјава за Струмица Денес нејзините најблиски велат таа е во добра здравствена состојба и се чувствува добро. Тие велат дека уште од 16 март нивната роднина била во изолација и карантин и ги почитувала мерките во целост и не го напуштила својот дом.

Семејството апелираше шпекулациите и невкусните коментари да престанат, бидејќи на секого може да му се случи истото. Инаку, личноста заболена од корона вирусот и понатаму е во изолација без никаков излез.

Чувајте се сите во оваа време-невреме.