strumica denes logo

ОФИЦИЈАЛНО: ПОЛИЦИСКИ ЧАС ВО МАКЕДОНИЈА, ВЛАДАТА ПОЧНА ПОДГОТОВКИ ВЕЧЕРВА!

Автор:

Датум:

март 21, 2020

Категории:

Здравје

Автор:

Датум:

март 21, 2020

Категории:

Здравје

Владата вечерва ја задолжи Комисија за заразни болести при Министерството за здравство, да подготви детален писмен предлог со мерки и препораки за воведување на најстроги рестриктивни мерки во врска со спречување, внесување и ширење на коронавирус COVID-19 (забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Македонија за време на ден и во ноќ, организирање на јавниот превоз, сменско работење, опфатени категории на лица по возраст) и истите да ги достави до Владата.

Се задолжуваат Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија да направат детален оперативен план за спроведување на најстроги рестриктивни мерки што ќе ги преземе Владата, со цел спречување, внесување и ширење на коронавирусот COVID – 19.