Вчера и денеска во КАМ маркетите како и во аптеките низ градот можеше да се забележи дека има редици на луѓе кои чекаат пред влезните врати.
Во аптека влегува по еден човек, додека останатите чекаат надвор, а во маркетите на КАМ се пропуштаат по петмина внатре да пазарат.
Пропуштањето на луѓето го контролира обезбедувањето кое стои на врата.
Пред неколку дена КАМ маркетите апелираа до купувачите да пазаруваат без претерување и тоа со залиха само за една недела, поради тоа што како што информираат оттаму, функционираат со истите ресурси од претходно, во услови на зголемена потрошувачка поради вирусот Ковид-19.