strumica denes logo

БЛОКАДАТА НА ЗДРАВА КОТЛИНА ДЕНЕС ДОБИ И КОНТРАБЛОКАДА, ТИЕ НАПИШАА ДЕКА СЕ НА ЧЕКОР ДО ГРАЃАНСКИ СУДИРИ!

Автор:

Датум:

јуни 20, 2019

Категории:

Здрава Котлина

Автор:

Датум:

јуни 20, 2019

Категории:

Здрава Котлина

ЗДРАВА КОТЛИНА:

БЛОКАДА, КОНТРАБЛОКАДА И ГРАДОНАЧАЛНИЦИ

Денес добивме одговор од Еуромакс во форма на контраблокада од 50 диви копачи и нивните фамилии кои излегоа да не блокираат на излезот од Иловица до браната.

Полицијата се распореди меѓу нас и ја контролираше ситуацијата.

Во меѓувреме дојдоа градоначалниците на Ново Село и Босилово и кога ја видоа ситуацијата на терен каква е, преземаа улога на медијатори. Струмичкиот градоначалник не дојде.

Сега сме на чекор до граѓански судири, масовен бунт и се она за што зборувавме изминатиот период, но ретко кој од повиканите институции помислуваше дека е вистина.

Денес реалноста чука на вратите како потврда дека сме ја зборувале вистината. И да потсетиме дека од она што го планира Еуромакс на крај ќе резултира со масовен еколошки геноцид и смрт. Затоа нема да попуштиме ниту педа пред агентите на смртоносните профитери, но ќе ги поразиме и протераме на еден или друг начин.

Денес приквечер ќе излеземе со детали и насоки, но едно е сигурно. Масовна мобилизација на секаков човечки и материјален потенцијал е неопходен и клучен.

Бидете спремни за масовни активности.

РУДНИК НАД ИЛОВИЦА И ШТУКА НЕМА ДА ИМА!