strumica denes logo

ЗА УБАВ ПОЧЕТОК НА ДЕНОТ: Најпознатите струмички вицеви

Автор:

Датум:

јануари 20, 2019

Автор:

Датум:

јануари 20, 2019

Праат си маабет две баби врвејќи накај пазаро:

– Знaеш Ратке, тие млaдите скрoз луди се. Измислиле oрaлен секс…

– Шo е твa?

– Дa лижаш дек шо мoчaш…

– Аaa, a кaпaкo дигат ли го?

 

Иле му вика на Пеце.

-Пеце ај шах да играме бе?

-Не бе брат, не можам, умре баба ми…

-Хмм…..е ако де… ај ти ќе играш со црните фигури.

 

Професорот влегува на час и затекнува еден како нешто чепка околу радијаторот.                           Професорот:Ти, што чепкаш таму место да вежбаш како и останатите? Кажи ми сега каде била Француската револуција?                                                                                                                                                  Овој му одговара: Немам поим!                                                                                                                          Професорот:Срам да ти е. А кога се случило илинденското востание?                                              Соговорникот:Врска немам… Мене ме пратија од водовод да ги проверам инсталациите!

 

Некоја жена имала љубовник и мажот само што заминал на работа дошол љубиникот. Детето било премногу љубопитно и влегло в ормар за да ги гледа. Мажот заборавил нешто и се вратил дома и како и обично, жената го пикнала љубовникот в ормар незнаејќи дека син му е веќе таму:Детето: Мрачно е тука!

Љубоникот: Да, мрачно е……

Детето: Имам фудбалска топка!

Љубовникот: Баш убаво…

Детето: Сакаш да ја купиш?!

Љубовникот: Не, фала…

Детето: Ама татко ми е надвор!

Љубовникот: Добро, добро… Колку?!

Детето: 250 евра!

И пак детето се скрило во орманот, и пак дошол мажот од жената и таа љубоникот пак го скрила во орманот.

Детето: Мрачно е. Имам копачки.

Љубовникот: Колку пари?

Детето: 1000 евра.

Му ги дава љубовникот парите на детето и после таткото го вика на фудбал. Детето му кажува дека ја нема топката и копачките и дека ги продал за 1250евра.

Таткото му вели дека не е добро да се краде и го носи в црква да се исповеда.

Детето: Мрачно е.

Попот: Ај не почви со тоа срање..

Поминуваат две баклави улица, и едната и вели на другата.

– Побрзај ќе те удри кола!

– Не можам ме жуљаат орасите!

 

Една кокошка снела јајце тешко пет килограми. Кај неа дошол репортерот од локалната телевизија:

– Како се случи тоа?

– Тајна…

– Какви се вашите планови за во иднина?

– Да снесам јајце тешко шест килограми.

Потоа репортерот го прашува петелот:

– Како се случи тоа?

– Тајна.

– Какви се вашите планови за во иднина?

– Да му ја скршам главата на нојот!

 

Се договориле претседателите на Јапонија и на Црна Гора да направат размена на луѓе по 10 вагона, за да се измешаат малку двата народа бидејки Јапонците премногу вредни, а Црногорците премногу мрзливи, па колку-толку да се изедначат малку. По 2 дена стигнуваат возовите во двете држави, но во Јапонија стигнуваат 11 вагона. Јапонскиот претседател веднаш му се јавил на Црногорскиот:

– Зошто бе пријател си пратил 11 вагона, нели се договоривме по 10?

– Абе се’ е во ред, едниот вагон се враќа назад, тоа се амали за да ги истовараат Црногорците.

 

Го прашува синот таткото:

– Тато, како можам да препознаам алкохоличар?

– Епа сине ги гледаш оние две дрва?

– Да.

– Епа на пример алкохоличарот би видел четири, а не две!

– Тато, таму има едно дрво!

 

На пациентите во психијатриската болница во Бардовци им пуштиле да гледаат вести. Во првиот ред, после секоја информација за македонската политичка ситуација, еден од пациентите почнува гласно да се смее, да се плеска по колената и да повторува:

– Добро е што сум во лудница! Добро е што сум во лудница!

Докторите тајно му ги набљудуваат реакциите и едниот вели:

– Колега, овој ќе треба да го пуштаме – изгледа се излечил…

 

Оди еден човек во општината и ѝ вели на соодветната службеничка:

– Госпоѓо, сакам да си го сменам името!

Оваа го погледнува над очилата и му вели:

– Како што ве гледам, имате околу 40 години, сега ли ви текна да си го менувате името?!

– Не можам повеќе со вакво име, воопшто не ми се допаѓа! – и одговара нашиот херој.

– Добро, штом сте решиле! – вели службеничката и ги вади потребните документи.

– Име? – прашува службеничката.

– Иван Лајнарски – со загриженост вели нашиот човек.

Оваа го погледнува со длабоко сочуство и продолжува:

– Како сакате да ви биде е новото име?!

– Стојан Лајнарски