Струмичанка со сопругот се сопственици на 5 градинки во Америка: Од Македонија ми недостасува слободата и времето!

септември 12, 2021

Љубовта е непредвидлива, не можеме да кажеме во кого или кога ќе се вљубиме, едноставно се случува. Така се родила и љубовта на Македонка кон нејзиниот веќе сопруг, Филип. Нивната љубовна приказна не би била невообичаена доколку истата им се случела некаде во светот. Но, за мал град како Струмица ова врска тогаш била предмет на озборување.

– Беше интересно, за мал град како Струмица, лyѓето реагираа и позитивно и негативно, а најмногy љубопитно зошто сyм со човек од друга раса, вака ја започнуваме приказната за нашата сограѓанка по име Македонка која веќе неколку години живее во Соединетите Американски држави, поточно во државата Текасас.

Со сопругот се запознале во Струмица, тогаш Филип Брокс играл за струмичката кошаркарски тим „Аба“, и неколку месеци живеел таму. По краток период, се родила љубовта. Во родниот град на Македонка склучиле и брак, и живееле во Струмица околу 1 година. За тоа време според нашата соговорничка тие ги собирале потребните информации и документи за виза.

Целосната вест може да ја погледнете ОВДЕ.
ИЗВОР: Женски Магазин

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ