Home

Perdormire
Економија

Живко Груевски од Еуромакс Ресоурцес: „Им простувам на активистите кои лично ме демонизираат, но не сум сигурен дека и граѓаните од струмичко ќе им простат”

Home

Директорот за корпоративни комуникации и односи со јавноста во Еуромакс Ресоурцес, д-р Живко Груевски во своето гостување на ТВ Вис, се осврна и на односот на неколкуте еко-активисти кои се спротивставуваат на реализирање на проектот за рудник за бакар “Иловица-Штука”.

“Не можев да поверувам кога во екот на пандемијата, кога Еуромакс Ресоурцес за болницата и другите медицински установи во Струмичко во неколку наврати донираше заштитна опрема за медицинскиот персонал, апарати за тестирање, болнички кревети или боци за кислород. Тие самонаречени еко-активисти ми посакуваа јас да бидам првиот пациент, целосно потсмевајќи се на сериозноста на ситуацијата и демонизирајќи ме лично мене и донациите кои ги прави Еуромакс”.

Груевски се осврна и на профилот на најактивните еко-активисти кои најжестоко се спротивставуваат на реализирањето на проектот за рудник. “Има некој „крунски експерт”, т.н. дедо Иљо, кој ја забавува јавноста и настапува како експерт за хидрогеологија и тоа изгледа навистина комично. Веројатно наскоро ќе го видиме и како ќе објаснува за кардиологија и операции на отворено срце”.

На крајот, д-р Груевски повтори: “Јас лично како човек сум навистина разочаран од нивото на аргументација и однесување на тие пет – шест еко активисти, но верувајте, искрено им простувам за целото мое демонизирање. Мене тоа воопшто не ме погодува! Јас единствено не сум сигурен дека останатите граѓани од Струмица ќе им простат, за нивниот говор на омраза, нивните закани кон останатите граѓани и нивното хистерично спротивставување на проект што значајно ќе го подобри животот на сите Струмичани”.

Груевски изјави дека сите еко-активисти се поканети да бидат дел од мониторинг телото што ќе го следи проектот „Иловица-Штука” во целиот негов развој и заедно со останатите претставници од науката и рударската фела активно да учествуваат во сите развојни фази на рудникот.

„Нашиот отворен повик до сите жители на струмичкиот и подогражденскиот регион за прибирање идеи и предлози за можни локални проекти нема никаква директна поврзаност со идната реализација на главниот проект за рударски комплекс Иловица – Штука. Интервентниот буџет за финансирање локални проекти од општ интерес исклучиво е конкретен израз на корпоративна општествена одговорност. Токму затоа ги повикуваме сите, независно од професионалните, политички, етнички или религиозни различности да се обединиме во конкретна акција и дела за подобрување на животот во регионот СЕГА и ВЕДНАШ! Да си помогнеме себе си, на нашите семејства, на општините и секако, на нашата држава“.

Целото интервју на д-р Живко Груевски, може да се погледне на следниов линк: