Вучиќ се нуди да помогне на Македонија зимата со струја и храна ако е потребно!

јули 30, 2022

Подготвени сме да помогнеме на Македонија со струја и храна ако е потребно, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ.

Вучиќ во емисија на „Пинк ТВ“ најави дека доколку е потребно, Србија е подготвена повторно да помогне. Оваа помош српскиот претседател ја најави во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“. Тој додаде дека трите земји од оваа иницијатива треба меѓусебно да си помагаат во месеците што доаѓаат.

„Секој секому може да помогне. Може во одредени денови да и помогнеме на Македонија со струја и со храна. Постојат различни денови, некој повеќе се ослонува на хидрологијата, кога е добра Албанија може да и помогне на Македонија, понекогаш дури и на нас“, кажа Вучиќ.

Премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на пратенички прашања вчера во Собранието рече дека земјата ќе се соочи со предизвик да набави мазут за производство на електрична енергија за време на следната зима.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: