Perdormire
Економија

Варшан Гокул се повлече од Бордот на директори на Еуромакс Рисорцис, назначен е нов претседател!

Еуромакс Рисорцис, Ванкувер – Компанијата “Еуромакс” објавува дека Варшан Гокул се повлече од Бордот на директори на компанијата и поднесе оставка од позицијата – Главен Извршен Директор и Претседател, ефективно од 31 Август 2020.

Како резултат на ова, Гокул веќе нема да биде дел од номинираните директори кои ќе го одржат следното годишно собрание на акционерите на 18 Септември 2020.

Компанијата го назначи Тим Морган – Вајни (Tim Morgan-Wynne), досегашниот не-извршен „претседател“ и директор на компанијата 8 години, како Извршен претседател. Николас Треанд (Nicolas Treand) е назначен како „Претседател“, дополнително на неговата постоечкаа Извршна улога како одговорен за „Проектот“ во Северна Македонија. Овие назначувања стапуваат на сила од 31 Август 2020.

Во оваа прилика, извршниот претседател Морган – Вајни, изјави: “Во име на Бордот на Директори, би сакале да се заблагодариме на Варшан за неговата одговорна и посветена работа досега, управувајќи со Компанијата во комплексни услови за период од 9 години како главен извршен директор и главен финансиски фиректор на Компанијата”.

Овие значајни промени се само прв чекор во нашето уште позасилено фокусирање за реализација на нашиот „Проект“. Ние позитивно и со голем ентузијазам очекувме конструктивна соработка со новата Влада на Република Северна Македонија заедно да ги надминеме постојните потешкотии во врска со рударскиот комплекс „Иловица-Штука“.