strumica denes logo

Училиштата во Струмица и до 80 проценти ги намалија давачките за потрошена електрична енергија!

Автор:

Датум:

февруари 10, 2023

Автор:

Датум:

февруари 10, 2023

Трите средни и десетте основни општински училишта во Струмица ги покажаа првите позитивни резултати по склучените договори за снабдување со електрична енергија со ЕСМ Продажба ДООЕЛ, по цена од 95 евра за мегаватчас. Договорите се склучени согласно одлуката на Владата за преземање мерки во услови на енергетска криза.

Првите анализи се направени за месец декември минатата година, а споредбата со истиот месец во 2021 година покажала дека скоро сите училишта платиле помалку за потрошена електрична енергија. Највисок процент на намалена давачка за потрошена електрична енергија има во средното општинско училиште „Никола Карев“ со 81 процент, па следуваат интернатот во средното училиште „Димитар Влахов“ со 78 проценти, основните училишта „Маршал Тито“ од Струмица со 76, „Даме Груев“ од Куклиш со 74, „Никола Вапцаров“ со 66, „Сандо Масев“ со 59, „Гоце Делчев“ од Вељуса со 49. Во најголем дел од училиштата е регистрирана и значително намалена потрошувачка на електричната енергија во однос на истиот период од претходната година.

Општина Струмица е пионер во обновливите извори на енергија и пред започнувањето на енергетската криза. Основното општинско училиште „Сандо Масев“ пред неколку години постави фотоволтаици за сопствени потреби, со што ги преполови давачките за потрошена електрична енергија.

Воден од ваквото позитивно искуства, но и цврстата решеност предизвиците од енергетската криза да ги претвори во нови можности, бидејќи општина Струмица има потенцијали и капацитети, градоначалникот Костадин Костадинов иницираше, а Советот на општина Струмица изгласа одлука со која ЈПКД „Комуналец“ може да ја започне постапката за фотонапонска централа за која веќе има изработено физибилити студија со моќност од 2,2 мегавати и ќе донесе голем бенефит за Општината и за граѓаните. Оваа фотонапонска централа ја прави Струмица прва Општина во државата која ќе биде комплетно независна во задоволувањето на потребите од електрична енергија.

Решенијата на општина Струмица успешно се вклопуваат во стартешките и системските мерки на Владата со кои државата се насочува кон стратешко и одржливо домашно производство на храна и енергија, користејќи ги природните потенцијали на нашата земја: плодна почва, сонце, ветар и вода.