Пелетите веќе не се толку атрактивни откако цените за една вреќа достигна дури и до шестотини денари!
Според моменталните цени тие се околу 300-380 денари за вреќа, но ретко кој купува, велат продавачите.
– Оние што одлучија оваа година да се греат тоа го направија со купување на поголеми количини, но тоа е многу мал број на луѓе кои лани ги користеле со оглед дека и тогаш немаше пелети, а и цените беа високи, велат познавачите.
Најголем број на граѓани се префрлиле на употреба на инвертер клими кои исто така поскапеа за 10-20 проценти оваа сезона во однос на ланската, но оваа инвестиција е еднократна, а бидејќи цената на струјата во Македонија е субвенцицонирана е далеку по-економична опција за загревање на домот од пелетите кои станаа вистински луксуз.
На огласниците и натаму масовно се продаваат уредите за пелети по многу ниски цени.