strumica denes logo

СТРУМИЦА ДОБИВА ФОТОНАПОНСКИ ЦЕНТРАЛИ КОИ ЌЕ ОБЕЗБЕДАТ ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ЗА ОПШТИНСКИТЕ ИНСТИТУЦИИ, ЈАВНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА И ЈАВНОТО ОСВЕТЛУВАЊЕ!

Автор:

Датум:

април 25, 2023

Автор:

Датум:

април 25, 2023

Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:

Потребни се голема храброст и визионерство да се сака и развива оваа наша Струмица.

Визионерство е да се користат обновливите извори на енергија и ние тоа во Струмица го правиме и таа ќе биде енергетски независна Општина.

Еден од најдобрите проекти за нас и и идните генерации денеска доби зелено светло од Советот со усвојувањето на одлуката за издавање на гаранција за задолжување на ЈПКД „Комуналец“ за две фотонапонски централи кои со електрична енергија ќе ги обезбедуваат општинските институции, јавни претпријатија и јавното осветлување.

На седницата беа усвоени и два значајни стратешки документи – Стратегија за развој на образованието и Локална стратегија за млади за периодот 2023 – 2027 година.

Колку ни е важно образованието потврдува фактот според кој во 2020 година од општинскиот буџет за него биле одвоени 6 милиони денари, а сега 27.500.000 денари и освен училиштето во Костурино, нема друго кое не е реконструирано.

За нас, младите не се само иднина на хартија, туку активен учесник во сите сегашни локални процеси и политики.

Струмица заслужува и долгорочна стратегија за развој во следните 10 години. Тоа ќе биде еден од нашите наредни приоритети коишто им го должиме на граѓаните.

Со таква Стратегија, Струмица навистина ќе биде поубаво место за живеење.