Струмичани преку ,,Мој ДДВ” до УЈП пријавиле колонијал кој не издавал фискални сметки

јули 18, 2019

Неправилностите од почетокот на мерката „Мој ДДВ“ граѓаните ги пријавуваат на бројот 198, соопшти УЈП.

Од 1 јули 2019 година, најзабележителни се пријавите за неиздавање на фискални сметки, како и за сметки коишто граѓаните не можат да ги скенираат. Најголем дел од пријавите се однесуваат на ресторани, маркети, мини маркети, колонијални продавници, фризерски студиа и друго. Некои правни лица се пријавувани и по повеќепати, а има и општини за кои граѓани тврдат дека речиси ниту едно правно лице не издава фискални сметки. Најмногу пријави за недоследности има на територијата на Скопје и тоа најчесто во општините Аеродром, Центар, Чаир и други.

Во Струмица пријавени се недоследности кај колонијал којшто според пријавата на граѓани не издава фискални сметки како и стовариште.

Во другите општини на 198 граѓаните граѓани пријавиле неиздавање на фискална сметка во продавници за храна, фризирско студио, кафе бар и други, кадешто граѓани или не добиле фискална сметка или им била издадена невалидна.

Се почести се јавувањата за купување на производи од продавници коишто своите производи ги нудат и преку интернет, најчесто облека за што на граѓаните нарачаниот производ им се доставува без да им биде издадена фискална сметка.

Мерката поврат на 15 % од пресметаниот ДДВ е од корист и на граѓаните и на државата. Оваа мерка значително ќе помогне и во намалувањето на сивата економија.

Согласно пријавите и по службена должност Управата за јавни приходи ќе спроведе интензивни контроли со цел проверка и утврдување на фактичката состојба на терен.

Извор: Фактор

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ