Струмичанецот Блаже направил 3 милиони долари во Индија со стартап бизнис

март 7, 2018

Основан од BITS Pilani Alumni Сансих Сет и Блаже Аризанов од струмичко Борисово, хотелите StayUncle за двојки неодамна објавија приходи во износ од 3 милиони долари во временски период од 20 месеци. Додека повеќето индиски стартапи се обидуваат да направат приходи, StayUncle има направено приход од 3 милиони долари за 20 месеци. Компанијата беше прва што ги раскина огромите табу која сеуште траеше во Индија – да се резервира хотел за краток престој, како двојка. – стои во објавата на индискиот портал бизниссвет.

Во Индија не е лесно да си двојка која што сака малку приватност. Во земја каде што традиционалното договарање бракови сè уште е секојдневие,  можноста на младенците да поминат некое време заедно пред официјалната венчавка знае да биде невозможна мисија. А, и оние што ја имаат среќата слободно да си фатат момче или девојка, исто така имаат проблем со наоѓањето простор за интимност. И покрај брзиот економски раст последниве две децении, во оваа огромна земја со безмалку 1,3 милијарди жители, сè уште многу млади живеат под исти кров со своите големи семејства и тешко може да обезбедат простор за дружба со своите партнери.

StayUncle е стартап што си зададе мисија да им ги реши овие проблеми на Индијците. Компанијата им помага на двојките да најдат соба во пристојни хотели, за 12 – часовно изнајмување. Може да резервирате утрински или вечерен термин. StayUncle во моментов е вистински хит во земјата, има договори со хотели од 30-тина града и секојдневно се шири, а прометот им расте по 20% месечно. А, “мозокот“ за маркетинг на овој брзорастечки стартап  е никој друг, туку струмичанецот Блаже Аризанов. Во Индија дошол пред шест години, како практикант преку студентската организација AIESEC, не ни сонувајќи дека еден ден со бизнис идеја ќе ги руши културолошките табуа во ова општество со пребогата историја.

ВИДИ ЛИНК: Струмичанец лансира CROWD-FUNDING кампања во Индија

ВИДИ ЛИНК: Струмичанец со својот стартап ги руши секс табуата во Индија

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ