СТРУМИЦА БЕШЕ ДОМАЌИН НА ЕДИНАЕСЕТТАТА „ЕКОНОМИЈАДА“

Струмица беше домаќин на единаесеттата „Економијада“ која што се одржа од 14 до 17 март, а на која учествуваа претставници од шест држави. На завршниот дел од оваа манифестација ги поздрави градоначалникот Коста Јаневски.
-Имам чест да ве поздравам сите Вас на завршницата од оваа единаесетта „Економијада“ и да го споделам со Вас моето задоволство што токму Струмица и средното општинско училиште „Јане Сандански“ се домаќини на истата. Сакам во оваа прилика да ги поздравам учесниците на Економијадата од средните економски училишта од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Северна Македонија, а посебно ми е чест да го поздравам и идејниот творец и основач на Економијадата, господинот Авдија Сердаревиќ кој ни доаѓа од Сараево, Босна и Херцеговина. Искрено се надевам дека во овие неколку денови поминати во нашиов град, успеавте да ја остварите поентата на Економијадата, која покрај знаењата од областа на економијата, опфаќа и меѓусебно запознавање и дружење, како и откривање на автентичните белези на нашите различни култури. Убеден сум дека од оваа Смотра на средните економски училишта од овој дел на Балканот, ќе произлезат трајни и нераскинливи пријателства, кои се во суштина повредни и од покажаните знаења и успеси што сте ги постигнале на Економијадата. Струмица е позната по своето гостопримство, а СОУ „Јане Сандански“ по добрите организаторски способности, па се надевам дека и едното и другото сте ги почувствувале на најдобар можен начин и дека дома ќе заминете со многу незаборавни спомени, рече градоначалникот Јаневски.

Автор:

Датум:

март 18, 2019

Категории:

Економија