СЛЕДУВА ЛИ ЕНЕРГЕТСКА КРИЗА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА? ПОЛОВИНА СКОПЈЕ ВО МОМЕНТОТ Е БЕЗ СТРУЈА!

ноември 5, 2021

Во моментов половина од градот Скопје е без струја.

Имено, голем дел од населбите Центар, Тафталиџе, Нерези, Карпош и Ѓорче Петров се без електрична енергија, пренесува порталот Курир од каде велат дека до нивната редакција пристигнале бројни поплаки од скопските жители дека без претходна најава нивните домаќинства останале без струја.

Се поставува прашањето дали ваквата ситуација се должи на енергетската криза во која се наоѓа Република Македонија?

За денеска од од ЕВН имаше најави за прекини во електроснабдувањето во делови од Кисела Вода и Сопиште.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ