СЛЕДНАТА НЕДЕЛА СЕ ОЧЕКУВА ПОСКАПУВАЊЕ НА ЦИГАРИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА!

јануари 29, 2022

На почетокот на февруари се очекува ново поскапување на цигарите. Иако сеуште никој од продизводителите и увозниците на цигари официјално не ја потврдува оваа информација, вакво нешто се очекуваше со оглед на трендот на зголемување на цените на суровините, репроматеријалите и енергенсите, пред се на гасот и електричната енергија, кои имаат значаен удел во производствто.

Притисок врз цената на цигарите создава и редовното годишно зголемување на акцизата, која како дополнителна давачка ја воведе државата за да го дестимулира пушењето. Имено, секоја година, почнувајќи од 2013 година, па сѐ до 2023 година, акцизата на цигарите се зголемува за најмалку пет денари по кутија.

Во изминатите години, за да избегнат поголемо поскапување на цигарите, некои производители и увозници на цигари, носеа одлуки да преземат дел од трошокот за зголемената акциза врз себе.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ