СЕ ОГЛАСИ И БЕКТЕШИ: ИНСПЕКТОРИТЕ СЕ НА ТЕРЕН ПО БЕНЗИСКИТЕ!

март 3, 2022

Крешник Бектеши, Министерот за економија во вечерашното гостување во Дневникот на ТВ Сител изјави дека инспекторите веќе биле на терен по бензиските пумпи за да разговараат, како што рече со надлежните, во врска со ограничувањето на потрошувачката на нафтените деривати.

Оваа реакција доаѓа откако денеска во повеќе градови низ Македонија се направија редици од автомобили пред бензиските пумпи, во Струмица, Велес, Прилеп, Скопје, Куманово.

Некои граѓани прават залихи од гориво.

Претходно, од Макпетрол ги информираа потрошувачите дека нема рестрикции и прекин во снабдувањето на гориво на бензинските пумпи на оваа компанија и покрај фактот дека во овој момент Макпетрол работи со загуба.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ