Република Македонија има најскап леб во регионот!

септември 21, 2022

Цените на лебот во земјите од ЕУ пораснале во просек за 18%, само минатиот месец. Ова е најголемо зголемување кое го објавува Евростат, од почетокот на своето постоење од 2017-та година.

Во споредба со ланскиот август, лебот најмногу поскапел во Унгарија и тоа за дури 66 отсто. Следат Литванија со 33 отсто, а Естонија и Словачка со 32 отсто. Најмал скок е забележан во Франција (8%), во Холандија и Луксембург (10%).

Македонија има најскап леб в регионот. Лани ова време се продавал за 25 денари, сега чини над 50 денари. Според податоците за јули, во Македонија лебот чинел 0.81 евро, што е речи си двојно повеќе од Србија каде се продавал за 0,42 евра по векна.

Сето ова е најмногу поради отежнатиот извоз на жито од Украина.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ