РЕКОРДНИ ЦЕНИ ОД ДЕНЕСКА: Зејтинот достигна цена од 163 денари, килограм брашно е 60 денари!

јуни 1, 2022

Откако Владата вчера не ги продолжи мерките за заштита на стандардот на граѓаните и ги врати маржите и даноците на основните прехранбени производи цените од денеска во маркетите ги рушат сите рекорди. Маслото за јадење кое вчера беше 135 денари денеска се продава за неверојатни 163 денари или 2,75 евра.

Читатели на Струмица Денес пишуваат дека од утрово значително е и поскапен и лебот. Во зависност од тоа каков леб купувате, цените се скокнати меѓу 6 и 9 денари.

Од полноќ поскапени се и горивата. Новите рекордни цени на бензините веќе се изразуваат во 3 цифри.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: