Регулаторната комисија за енергетика одлучи: Горивата од полноќ се поскапуваат повторно

октомври 1, 2018

Цената од ноќеска на полноќ се зголемува за еден денар по литар. Вака одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Со одлуката се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,03, односно за 1,98 отсто.
Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 73,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 75, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 67, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 55,5 денари за литар. За 1,399 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 35,75 денари за килограм.

До покачување дојде затоа што има за 4,17 отсто повисоката просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 0,53 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ