Работењето на Еуромакс е секогаш под стриктна контрола, регулирано и усогласено со најстрогите меѓународни и домашни законски прописи!

јуни 20, 2022

Предрасуди и Стереотипи: „ЕуромаксРесорсис е “банкротирана” компанија со матна и контроверзна структура на акционери и инвеститори … манипулативна и “коруптивна” позадина на интервентниот фонд до 1 милион евра наменети за локални проекти преку донации и спонзорства (!??).“

ВИСТИНА: За разлика од неколкумина хронично незадоволни и длабоко несреќни индивидуи кои упорно се обидуваат да управуваат со своите животи гледајќи во ретровизорот и возејќи во „рикверц”, ние во Еуромакс имаме јасна ЦЕЛ и ВИЗИЈА насочени напред кон ИДНИНА!

Најблаго речено, небулозни се бесрамните обвинувања за нетранспарентност и манипулативна основа за благородната одлука на нашите инвеститори и Бордот на Директори, во овој пост-Ковид период, за располагање со интервентен рамковен фонд до 1 милион евра за реализација на локални проекти од општ интерес за СИТЕ ЖИТЕЛИ на под Огражденскиот и Струмичкиот регион.

Како проектна компанија, која е јавно листирана на Берзата на хартии од вредност во Торонто, Канада, нашето финансиско работење е под стриктна контрола, целосно регулирано и усогласено со најстрогите меѓународни и домашни законски прописи. За оние кои сẻ уште не сакаат ништо да разберат, нашиот клучен инвеститор – глобалниот деловен гигант Групацијата ТРАФИГУРА, на светскиот пазар остварува годишни приходи од 160 до 180 МИЛИЈАРДИ Долари, што е реално петнаесетина пати поголем износ од нашиот БДП! Како мултинационален конгломерат, Групацијата има мрежа од свои компании во 48 земји на сите континенти од Земјината топка. Во актуелниве времиња на огромни предизвици од глобалната здравствена, економска и социјална криза со епски пропорции, убедени сме дека нашата држава и нашата национална економија не смее да си дозволи таков „луксуз” неодговорно да ги избрка од земјата и со тоа да испушти неповторлива шанса за брза ревитализација и долготраен развој. Минуваме низ драстично променети околности и ништо веќе не може да биде третирано на ист начин како пред пандемиската криза. Само агресивно инвестициско трошење и отворање на реален бизнис, производство и извоз може да ја придвижи националната економија напред. Извозот е еден од главните носители на развојот затоа што обезбедува ликвидност на стопанството и само така ќе може да се враќаат кризните задолжувања на државата со инвестициски мерки.

Парадоксално, но за жал вистинито, е дека една група самопрогласени лидери на регионалниот граѓански активизам, насилно и без чувство на срам, постојано не обвинуваат за нетранспарентност, матни работи, коруптивно манипулации и слични измислици. Злоупотребувајќи ја благородната улога на легитимниот граѓански активизам, тие ги потпалуваат емоциите на своите заведени следбеници, повикувајќи ги на бунт и конечна пресметка со „сатаните и клетите профитери”.

Се прашуваме дали некогаш човечки ќе се засрамат за истурената омраза кон сите нас од тимот на Еуромакс, но и кон нивните сожители кои ете се „охрабриле” да размислуваат и постапуваат различно од нив!? Дали ќе почувствуваат барем малку засраменост од изготвените и објавени навреди и грди квалификации кон регионалните здравствени институции или кон оние чесни семејства на земјоделци и сточари корисници на нашите донации и спонзорства!?

Зарем ова е цивилизирано ниво на комуникација која би доликувала на прогресивниот граѓански активизам во нивните заложби за транспарентност, отчетност и широка партиципативна демократија!?

Што ни се случува и каде се изгубија основните човекови вредности на доброто домашно воспитување карактеристични за традиционалниот македонски дух на толерантност, почит кон различниот од тебе, емпатија и безусловна љубов кон другите луѓе и тогаш кога мислат и постапуваат различно!?

А што се однесува до нас, Драги Пријатели бидете убедени дека непоколебливо и со уште поголем ентузијазам продолжуваме победнички напред во реализација на нашата прогресивна цел преку акција и дела да придонесеме за подостоинствен живот за СИТЕ, СЕГА и ВЕДНАШ!

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ