strumica denes logo

Првите пари од ,,Мој ДДВ‘‘ ќе легнат на сметките на граѓаните од 1-15 декември!

Автор:

Датум:

ноември 19, 2019

Категории:

Економија

Автор:

Датум:

ноември 19, 2019

Категории:

Економија

Од први до 15 декември на сметките на граѓаните кои скенираат фискални ќе легнат околу три милиони евра. Според податоците на финансии 170 илјади граѓани чекаат поврат на парите од платениот ДДВ. Средствата кои ќе бидат исплатени се за скенираните сметки во јули, август и септември.

За скенираните фискални сметки ќе има и награди од средината на идниот месец. За оваа министертвото за финансии и фондот за иновации ќе организираат натпревар. Оние кој ќе понудат најдобро решение ќе добијат околу 32 илјади евра.

Од опозицјата обвинуваат дека МОЈ ДДВ е популистичка мерка од која корист имаат побогатите.

Како и сите зафати на оваа власт се работ за популизам пред избори. Наградната игра се воведува за да се задржи интересот кон мерката која не дава резултати. Најавениот поврат на средства е мал ако се гледа поединечно по граѓанин. Се работи за мерка од која добиваат оние кои имаат да трошат значи повеќе пари за побогатите, се вели во дописот од ВМРО ДПМНЕ.

Во иднина ќе се надградува и апликацијата МОЈ ДДВ. Сите кој ја користат ќе можат да проверат коку пари имаат од поврат и да пријават ако некој не им издал фискална сметка.

Апликацијата МОЈ ДДВ почна да функционира од први јули годинава.