Home

Perdormire
Економија

ПО СОСТАНОКОТ ВО СТРУМИЦА, ПОСТИГНАТ ДОГОВОР ЗА ЦЕНАТА НА ПРОЛЕТНАТА ЗЕЛКА!

Home

Надминати се недоразбирањата за цената на пролетната зелка меѓу земјоделците и откупувачите- информира ресорното министерство.

По одржаниот состанок во Струмица, постигнат е начелен договор, откупната цена да се движи од 20 до 25 денари за килограм, во зависност од движењата на светските пазари.

Земјоделците посочиле дека нема да протестираат. Ќе се формира група составена за следење на откупот на земјоделските производи, за да нема манипулации.