Околу 2.700 студенти ќе добијат покачување на стипендиите

јануари 28, 2023

Околу 2.700 студенти, корисници на стипендии од изминатите академски години, ќе добијат покачување на средствата, односно наместо досегашните 3.000 денари, овие студенти во иднина ќе земаат стипендии во висина од 6.050 денари, соопшти Министерството за образование.

Со оваа одлука МОН одговори на барањата на студентите и уште еднаш ја потврди заложбата за еднаквост и грижа за оваа категорија граѓани.

Студентите корисници на оваа категорија стипендии, во текот на идната недела ќе бидат информирани за начинот и постапката за регулирање на ова право, се вели во соопштението до медиумите.

Инаку, МОН ги информира корисниците на студентски стипендии и субвенциониран студентски оброк, дека од вчера започна исплатата на финансиските средства.

Како што наведуваат во соопштение, согласно податоците, 3.415 студенти ќе добијат средства за четири месеци, односно ќе бидат исплатени стипендиите за месеците октомври, ноември, декември 2022 година и за месец јануари оваа година.

Корисниците на правото за субвенциониран студентски оброк, односно 28.986 студенти, исто така во текот на идната недела ќе добијат средства за минатиот месец, односно за декември 2022 година.

 

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ