Home

Perdormire
Економија

ОД ПОЛНОЌ НОВО ПОСКАПУВАЊЕ НА ГОРИВАТА ВО МАКЕДОНИЈА!

Home

Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, како и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), од полноќ ќе се продаваат по зголемени цени за 1 денар за литар, во споредба со цените во малопродажба утврдени со одлуката од 14 јуни 2021 година, објави денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Со најновата одлука, малопродажната цена на Еуросупер БС-95 изнесува 69,50 денари за литар, на Еуросупер БС-98 е 71,50 денари за литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), ќе чини 62 денари за литар.

Цената на Еуродизелот (Д-Е V), се зголемува за 0,50 денари за литар и ќе изнесува 62 денари за литар.