ОД ПОЛНОЌ НОВИ ЦЕНА НА ГОРИВАТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!

ноември 4, 2022

Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ поскапува за два денара по литар, а цената на другите горива останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,44 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 92,5 денари за литар. ЕУРОСУПЕР БС-98 и понатаму ќе се продава за 94,5 денари за литар, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) за 99, Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 93 денари за литар, а Мазутот М-1 НС за 50,067 денари за килограм.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ