ОД ПОЛНОЌ НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА!

мај 8, 2023

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од полноќ се намалува за 1,00 денари, а на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 0,50 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни ресурси.

Новата цената на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 77,00 денари, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 79,50, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 66,50, а Екстра лесното 1 (ЕЛ-1) за 65,50 денари за литар.

За 0,465 денари поевтинува и Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе чини 39,155 денари.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: