НОВО ПОСКАПУВАЊЕ НА ГОРИВАТА: Од полноќ повисока цена за дизелот од 2 денари, а бензините и нафтата за домаќинствата за 1,5 денари

февруари 7, 2022

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која од полноќ се врши поскапување на нафтените деривати.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 денари/литар, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,00 денари/литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,815 денар/килограм и сега ќе изнесува 46,537 ден/кг.

Од 8.2.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 81,00 (денари/литар); Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 83,00 (денари/литар); Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 73,50 (денари/литар); Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 73,00 (денари/литар); Мазут М-1 НС 46,537 (денари/килограм).

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: