Жителите од различните градови во Македонија различно се носат со високата инфлација и високите цени на храната и другите производи во малопродажните објекти.
Струмичани имаат најниски месечни трошоци за храна во Македонија, доколку се спореди потрошувачка кошничка во која влегуваат основните прехранбени производи. Битола, Охрид и Штип се градови во кои жителите плаќаат највисока цена за одредени производи. Од нашиот избор на производи што ја сочинуваат просечната македонска потрошувачка кошничка, скопјани најскапо плаќаат единствено за телешко месо! Но затоа, Скопје останува најскапо место за живеење во Македонија, ако се земат предвид и другите повисоки трошоци, кои ги носи животот во една урбанизирана средина.
Мини-анализата на малопродажните цени во поголемите градски центри во Македонија, која ја направивме врз основа на објавената публикација на Државниот завод за статистика за ноември минатата година, а се однесува за цените на мало по градови, дава појасна слика за висината на трошоците за храна што ги плаќаат нашите граѓани. Од листата на десет најчесто купувани прехранбени производи,
Струмица има најниски цени за четири производи. Имено, струмичани плаќаат најниска цена за грав (135,48 денари за килограм), за сирење (383,41 денар за килограм), за свинско месо (299,55 денари) и за банани (81,64 денари). Кумановци плаќале најмалку за компир (38,26 денари) и за млеко во пакување од еден литар со 3,2 отсто масленост (74,71 денари).
Целосната вест може да ја погледнете со кликнување ОВДЕ.
ИЗВОР: НОВА МАКЕДОНИЈА