НОВА ЦЕНА НА ГОРИВАТА: Дизелот од денеска поскап за три денари!

октомври 8, 2022

Од утринава по полноќ, цената на дизелот поскапе за три денари, по што од денеска дизелот се продава за 97,5 денари за литар.

Цените на бензините БС-95 и БС-98 остануваат исти, па така БС-95 ќе чини 86,5 денари, додека БС-98 ќе чини 89 денари за литар.

Малопродажната цена на маслото за домаќинства се зголеми за 2,5 денари и сега се продава за 94,5 денари за литар.

Ова се максималните цени на нафтените деривати што важат од утринава:
Бензин Еуросупер БС-95 86,50 (денари/литар)

Бензин Еуросупер БС-98 89,00 (денари/литар)

Дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) 97,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 94,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 51,252 (денари/килограм)

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: