НИКОЈ НЕ МОЖЕ ДА ГО ЗАМЕНИ РУСКИОТ ГАС: Европа ќе плаќа 2.000 евра, Србија само 270?

февруари 22, 2022

Рускиот удел во снабдувањето на Европа, мислам дека е од 30 до 40 отсто. Ниту една земја не може да замени таков волумен (гас), нема капацитет за такво нешто во ЛНГ, изјави катарскиот министер Саад ал-Кааби за гас во Доха. Катар може да пренасочи само 10 до 15 отсто од својот продаден гас за да им помогне на европските земји, а другото е „таксано“ за Азија.

Добредојдовте во светот во кој Европејците ќе плаќаат и до 2.000 евра за илјада кубни метар руски гас, напиша рускиот премиер Медведев на Твитер, по најавите дека германскиот канцелар Олаф Шолц ќе ги повлече документите за отворање на гасоводот „Северен тек 2“, а Белата куќа ги поздрави санкциите. Додека Европа спрема свој пакет економски санкции, а Велика Британија веќе го стори тоа, единствени европски земји кои ќе имаат евтин гас зимава се Србија и Унгарија.

Истовремено, Германија размислува за градење на свои капацитети за природен течен гас(ЛНГ), наместо руски гас. Но, според министерот за енергетика на Катар ваквата замена не е можна преку ноќ, ако се земе предвид дека Русија во моментов снабдува 40 отсто од гасот за ЕУ. Тој е скептичен и дека неговата земја, Катар, може да пренасочи повеќе од 15 отсто од гасот за да ѝ помогне на Европа, бидејќи остатокот е „таксан“ со други договори во Азија.

Ни Русија не остана покусо и реагираше на санкциите.

– Кремљ се надева дека одложувањето на „Северен тек 2“ е привремено – рече Дмитриј Песков, првиот човек на Кремљ.

Никој не може да го замени рускиот гас
Ниту Катар ниту другите земји-производители немаат капацитет да го заменат рускиот гас течен природен гас (liquified natural gas – ЛНГ) доколку се прекине снабдувањето поради руско-украинскиот конфликт, предупреди денеска министерот за енергетика на Катар.

– Рускиот удел во снабдувањето на Европа, мислам дека е од 30 до 40 отсто. Ниту една земја не може да замени таков волумен (гас), нема капацитет за такво нешто во ЛНГ – изјави катарскиот министер Саад ал-Кааби за гас во Доха.

– Поголемиот дел од ЛНГ е поврзан со јасни долгорочни договори и одредишта. Затоа е речиси невозможно да се замени толкаво количество (гас) за краток рок – објасни катарскиот министер/

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ