Никогаш не треба да го оставате полначот во штекер подолго отколку што е потребно, ова се трите главни причини!

мај 14, 2023

Популарната компанија Meyer‘s, специјализирана за греење, климатизација, водовод и електрична енергија, на својата веб-страница објави три причини за исклучување на полначот на мобилниот телефон од штекер.

Иако е поедноставно да го оставите во струја и следниот пат само да го поврзете на мобилниот телефон, повторувањето на таквата практика може да биде опасна.

Опасност од пожар
Една од најголемите опасности да го оставите полначот вклучен е ризикот од пожар. Ако полначот се прегрее, постои можност нешто да се запали. Посебно е опасно да го оставите во штекер навечер бидејќи постои можност човек да не биде во близина и да не го забележи пожарот.

Високи сметки за струја

Друг недостаток на оставањето на полначот вклучен е тоа што може да ви ја зголеми сметката за струја. Дури и ако телефонот не е поврзан со полначот, самиот полнач сè уште троши енергија. Ако е постојано вклучен, се фрлаат пари за плаќање на сметката за струја.

Тоа троши енергија
Покрај зголемените сметки за струја, се троши и енергија. Ако полначот остане вклучен, тој користи струја од штекерот, што значи дека искористената енергија влијае на воздухот во вашиот дом, правејќи го потопол и позагаден.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ