Надоместокот за издавање лиценца за обложувалница се зголемува на 200 илјади евра

февруари 13, 2023

Се зголемува надоместокот за издавање лиценца за обложувалница на 200.000 евра, се ограничува бројот на уплатно-исплатни места на 25 со една издадена лиценца, додека за секое следно уплатно-исплатно место, приредувачот плаќа надоместок во износ од 10.000 евра. Надоместокот за издавање на лиценца за автомат-клуб се утврдува на 100.000 евра. Притоа лиценцата за приредување на игри на среќа во автомат-клуб се однесува за три деловни простории, а се воведува надоместок во износ од 30.000 евра за секоја дополнителна деловна просторија, велат од Владата

Новиот предлог-закон за игри на среќа, што го усвои Владата освен дислоцирање на казината и обложувалниците на најмалку половина километар од училиштата, предвидува и забрана за рекламирање на интернет-игрите на среќа во време кога целна публика се и малолетници. Измените кои се по предлог на Министерството за финансии се во насока на ЕУ директивите и ќе се носат со европско знаменце, информираат од Владата.

Целта, како што велат од власта е, пред сè, да се заштитат децата со тоа што ќе им се оневозможи лесен пристап до овие објекти. Освен ова, новите измени предвидуваат и зголемување на надоместоците за добивање на лиценци.

-Се зголемува надоместокот за издавање лиценца за обложувалница на 200.000 евра, се ограничува бројот на уплатно-исплатни места на 25 со една издадена лиценца, додека за секое следно уплатно-исплатно место, приредувачот плаќа надоместок во износ од 10.000 евра. Надоместокот за издавање на лиценца за автомат-клуб се утврдува на 100.000 евра. Притоа, лиценцата за приредување на игри на среќа во автомат-клуб се однесува за три деловни простории, а се воведува надоместок во износ од 30.000 евра за секоја дополнителна деловна просторија, велат од Владата.

За Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија овие измени се неприфатливи. За нив, меѓу другото, е спорно и тоа што овој закон ќе се носи по скратена постапка без јавна дебата и соопштија дека за тоа ќе ја известат Европската Унија.

Од Асоцијациите на приредувачи на игри на среќа и спортски обложувалници реагираа и дека новите измени ќе значат гасење на индустријата и оставање на повеќе од 10.000 луѓе без работа. Со оваа одлука, како што истакнаа претходно од Асоцијацијата, државниот буџет би се намалил за 280 милиони евра, а со овие пари годишно би можеле да се изградат 30 болници или 300 градинки или 200 училишта.

Од Движењето „Антикоцкање“ го поздравуваат чинот на Владата и велат дека не се откажуваат од барањата казината и обложувалниците да се дислоцираат надвор од градовите.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ