strumica denes logo

НА СОСЕДИТЕ ЌЕ ИМ СВЕТИ: Бугарија и Србија објавија дека нема да имаат рестрикции на струјата!

Автор:

Датум:

септември 16, 2022

Автор:

Датум:

септември 16, 2022

Бугарскиот вршител на должност министер за енергетика Росен Христов најави дека нема да има ограничувања за потрошувачката на струја во Бугарија. Според него, енергетскиот систем е безбеден и не се очекува режим на електрична енергија.

Ист е случајот и во Србија. Министерката за рударство и енергетика Зорана Михајловиќ изјави дека нема да има нови поскапувања или ограничувања и додаде дека некои локални самоуправи веќе почнале да прават планови за заштеда на електрична енергија, а ефектот од заштедата на домаќинствата ќе биде видлив кога ќе се поттикне стапуваат на сила мерките за заштеда на електрична енергија.