strumica denes logo

Мартовските пензии ќе се исплаќаат од идниот вторник

Автор:

Датум:

март 22, 2023

Автор:

Датум:

март 22, 2023

Владата на денешната седница, ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за труд и социјална политика за исплата на пензии за месец март 2023 година.

Задолжен е Фондот за пензиското и инвалидското осигурување  да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27.03.2023 година.

Се препорачува на деловните банки да обезбедат пензионерите да може да располагаат со мартовските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 28.03.2023 година.

Се препорачува на деловните банки, преку филијалите и експозитурите на банките, да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи, според висината на пензијата и тоа:

  • за пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 28.03.2023 година (вторник);
  • за пензии со висина 11.001 – 14.000 денари, исплатата да се изврши на 29.03.2023 година (среда);
  • за пензии со висина 14.001 – 18.000 денари, исплатата да се изврши на 30.03.2023 година (четврток) и
  • за пензии со висина над 18.001 денари, исплатата да се изврши на 31.03.2023 година (петок).