КООРДИНАТОРОТ НА ЛЕВИЦА – ЗЕМЈОДЕЛСКИ СЕКТОР: Забраната за извоз во Русија ќе биде почеток на нашето пропаѓање!

март 3, 2022

Статус на Никола Петров, координатор на Левица – Земјоделски сектор.

„Другари, на ваков дождлив ден сум шетал од маркет до маркет барајќи да купам зејтин. Кој не знае што е ембарго, сега ќе научи. Економските санкции на Европа кон Русија нас ќе не уништат.

Од извозот на земјоделски производи први ќе трпат производителите на пролетна зелка. Таа се извезуваше во Украина, Русија, и дел во Полска и балтичките земји. Потоа сите други по ред.

Забраната за извоз таму ќе биде почеток на наше пропаѓање, али финалниот удар ќе ни дојде од европските производители. Ќе се јави голем вишок на земјоделски производи и храна од ЕУ, и таа ќе се увезува без контрола на нашиот пазар. Тие ќе бидат со ниски цени, субвенционирани од нивните влади и ќе му станат фатална конкуренција на домашниот производ.

Во овој случај нашето производство ќе стане скапо и неконкурентно и тоа ќе доведе до крах на домашното производство на храна.”

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ