Земјава ја заврши 2022 година со високи стапки на инфлација од 14,2 проценти, објави Статистика. Цените на мало, пак, пораснале за 12,6 отсто. Инфлацијата го достигна пикот во октомври лани, кога изнесуваше речиси 20 проценти. Незначително намалување беше регистрирано во последните два месеци од 2022 година.
Во декември лани во споредба со декември 2021 година, најголемо поскапување има кај храната и тоа кај лебот и житото, од 40 проценти. Потоа следат млекото јајцата сирењето, цената на маслото, пак, за една година пораснала за 23 отсто, а зеленчукот и овошјето за 13 проценти. Енормно зголемување на цените има и кај стујата и кај топлинската енергија.
Државен завод за статистика: Леб и жито – 40%, Млеко сирење јајца – 36,4%, Месо – 27, 9, Масло – 23,7%, Шеќер, чоколада – 18, 6%, Зеленчуо и овошје – 13%, Траснпрот – 16,1%, Топлинска енергија – 30%, Струја – 20%.
На едно четиричлено семејство во декември минатата година му биле потребни 51.235 денари за задоволување на минималната синдикална кошничка. Ова го покажуваат пресметките на синдикатите. Во меѓувреме, дел од економските експерти предвидуваат доста висока инфлација и за 2023 година.
„Овој ефект што го гледаме сега со малото намалување на цените на храната ќе биде само еднократен, односно отсега натаму веќе не може да се очекува намалување на цените повторно туку повторно може да се очекува зголемување на цените со одредена мала со некоја мала стапка. Што се однесува до 2023 година, сите очекувања се дека инфлацијата ќе биде доста висока. Нашиот институт проектира инфлација од 10% за целата година што значи дека таа ќе забави од сегашните 19% и во наредните месеци постојано ќе забавува“, вели финансискиот аналитичар, Бранимир Јовановиќ.
Јовановиќ повикува и на уште построги инспекции на терен и контрола на активностите на супермаркетите. Надлежни за тоа се од Пазарна инспекција, а оттаму за Телма информираат што покажале последните проверки.
ИЗВОР: СКОПЈЕ 24
Целосната вест погледнете ја со кликнување ОВДЕ.