Грозд од Струмица за девет месеци оствари добивка од 45,9 милиони денари

ноември 5, 2018

Компанијата Грозд од Струмица за девет месеци оствари вкупна сеопфатна добивка во висина од 45.937.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во периодот јануари – септември лани, добивката на компанијата беше на ниво од 43.045.000 денари.

На крајот на септември 2018 година, вкупните приходи од продажба имаа салдо од 151.518.000 денари. Поголемиот дел или 131.994.000 денари е остварен на домашен пазар, а 19.524.000 денари се реализирани од продажби на странски пазари.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: