ГОЛЕМО ПОЕВТИНУВАЊЕ ОД ПОЛНОЌ НА ГОРИВАТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!

август 8, 2022

По „нишалката“ (горе – долу) со низа поскапувања во изминатиот период, проследени со постепено и делумно намалување кое следуваше во последните недели, Регулаторната Комисија за Енергетика (РКЕ), во согласност со својата методологија за формирање и утврдување на малопродажните цени, одлучи да ги поевтини горивата во нашата земја. Според најновата одлука на Регулаторна, горивата ќе поевтинат во просек за 2,80 проценти во однос на одлуката која беше донесена пред неколку дена (на 5. Август).

Во согласност со горе наведеното бензините и дизел горивот во Република Македонија, од ноќеска на полноќ, ќе имаат пониска цена за 3,50, односно за три денари по литар.

Поконкретно, за 3,50 денари се намалуваат бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, додека пак, Еуродизелот се намалува за три денари по литар.

Ова значи дека во следниот период литар Еуросупер БС-95 ќе се точи за 90 денари по литар, Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 92 денари, додека пак за секој литар наточен Еуродизел ќе треба да се издвојат по 90 денари за литар.

Од РКЕ истакнуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар, во споредба со претходната пресметка, бележат намалување.

Та во просек кај бензините за 3,57% , додека кај дизелот вените се намелени во просек за 2,11%.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ